Прифатилиштето за кучиња, професионално и коректно ги извршува работните обврски и во овие зимски и тешки услови.

Прифатилиштето за кучиња кое работи во склоп на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, е почесто мета на критика на социјалните мрежи од самонарачени Здруженија или поединци „љубители на животни“ како и од одредени портали. Професионалниот тим кој работи и се грижи за заловените кучиња скитници, од лекар ветеринар, двајца ветеринарни техничари и еден заловувач, им пружаат грижа, сместување, храна и лекување на кучињата, работат согласно годишниот план, и несебично се ангажираат да го оправдаат својот професионален ангажман.

И покрај нивните заложби да најдат заинтерсирани семејства, да ги вдомат заловените кучиња за да имат постојана домашна грижа, прифатилиштето и вработените се изложени на разноразни критики. Одговорно и чесно тврдиме и ги негираме сите невистини изнесени од одредени портали каде се тврди дека е забрането снимање и сликање во прифатилиштето, а одередни пак здруженија, изнесуваат невистини на социјалните мрежи дека откако ќе се вдомат кучињата скитници, истите се изложени на тортура, негрижа, и дека тимот кој работи не внимава каде и на кого подарува заловено куче.

И во вакви тешки услови за работа ги покануваме сите граѓани, здруженија и новинари да го посетат прифатилиштето и да се уверат каде и како престојуваат, и со каква нега се згрижуваат заловените кучиња, колку редовно се хранат, каде посебно се внимава на нивната здравствената сосотојба.

Професионалниот тим во секое време е подготвен за едукација и предавања за одговорно сопствеништво и вдомување на бездомни кучиња, едукација за правилно однесување, превентива и здравствена заштита на кучињата, како и истакнување на бенефициите на стерилизацијата и кастрацијата на кучињата за здравјето и за животната популација воопшто. Овозможува и идентификација со микрочип на кучињата кои се вдомуваат, а истовремено ако е потребно се извршува и нивна превентива:
– тест за Лајшманиоза
– Дехелминтизација
– Стерилизација и кастрација
– Вакцинација против беснило

 

Можеби ќе ви се допадне