Повторно се чисти дивата депонија над касарната

Не престанува лошата навика на одредени граѓани да го исфрлаат отпадот на крајот од ул„Ерован Шабаноски“ до куќите, и до оградениот дел од касарната. На оваа депонија најмногу е исфрлен домашен комунален отпад, за кој, „Комуналец“ има редовна неделна линија за собирање на ваков вид на отпад.

И покрај апелите од „Комуналец“, дека сиот отпад, без разлика на количината, комуналците го подигаат и ќе го подигаат од домаќинствата, се чини дека навиките тешко се менуваат на овој дел од градот.

Дивата депонија комплетно ќе биде исчистена оваа недела.

Останува надежда на комуналците дека поедини граѓани конечно ќе научат и практикуваат отпадот да го собираат во канти за отпад, или коректно да го спакуваат, а комуналните служби се должни да го подигнат сиот отпад, освен градежниот шут.

Можеби ќе ви се допадне