Годинава, „Комуналец“, посветува поголемо внимание на парковите и детските игралишта во градов и населените места.
Денеска, комуналците поставија нова ограда на детското игралиште во паркот по кејот, и поставија нови корпи за отпадоци. Воедно, се заменија старите со нови корпи за одлагање на отпадоци, и во паркот кај Основниот суд.
Се замолуваат граѓаните да ги користат корпите за отпадоци и да ја чуваат комуналната инфраструктура поставена низ градов.