Поднесена соодветна пријава за несовесниот граѓанин.

Вака изгледаат контејнерите поставени за одлагање на отпад за дуќаните и станарите од зграда Македонија.Несовесен граѓанин по празнењето на контејнерите од страна на службата за подигање на отпад го исчистил сопствениот двор и ги преполнил контејнерите, расфрлил наоколу и си заминал, без да размисли дека контејнерите се за станарите, а не за негови потреби.

Со оглед на тоа што комуналната служба за подигање на контејнери од 1/1м3 работи до 14 часот, истите треба да се празни за станарите од зградата да имаат каде да го одлагаат отпадот до следното утро. Но несовесниот граѓанин најверојатно не го интересира каде жителите од становите ќе исфрлаат отпад, дири и во време на пандемија. Реагирано е со дополнително возило и контејнерите во моментов се испразнети. Но дали треба да се повикуваат работниците од дома, кога за куќниот отпад важат дриги правила.

Со оглед на тоа што се оставени траги до куќата на сопственикот, повикан е надлежниот Инспекторат од страна на работниците на ,,Комуналец,, и поднесена е соодветна пријава.

Да напоменеме по незнам кој пат. Сиот овој отпад спаѓа во категоријата комунален отпад и комуналните работници го подигаат од дворовите, доколку е прописно собран во канти или вреќи.

Утрово пак, истата слика со преполни контејнери од градежен шут, кои заради тежината неможат да се подигнат со хидрауликата од специјалните комунални возила, туку работниците ги истураат и со рачен алат повторно ги претовараат во друго соодветно возило.

Нели понекогаш треба да се јави жал кај граѓаните, а посебно во овие услови, кога и работниците се преморени и нив ги фаќа страв и паника, а треба да се на работното место.

Можеби ќе ви се допадне