Иако Инспекторатот на Општина Прилеп, постави прописно табла со натпис „Не фрлај отпад, казниво е со Закон“ несовесни прилепчани исфрлиле отпад на локацијата под касани на патот за езеро.
Дивата депонија беше исчистена само пред еден месец, а за кратко време повторно стана ѓубриште. На појавата на неконтролирано исфрлање на отпад и нема крај.
Менаџментот на Комуналец е решен годинава да се справи со сите диви депонии во градов и околинава, за потоа да воведе мобилна единица која исклучиво дневно ќе го собира отпадот од критичните регистрирани точки.