По завршувањето на Пивофест останува чистењето и отпадот на комуналците

Утрово се размонтираат штандовите и сцената, се собира сиот донесен потребен инвентар како на угостителите така и на организаторите. Ова во голема мерка ги спречува комуналците последниот ден да остават чист град до 8 часот наутро. Но, практика e години наназад последниот ден центарот на градот да биде исчистен до пладневните часови.

Од рани зори екипите на комуналното претпријатие се на терен, се метат отпадоците и се транспортираат до депонијата Алинци. Оделот за селекција на отпад собра се што може да се рециклира, па останува работата на единиците од јавна хигиена, паркови и зеленило и подигачи на отпад.

Временските услови годинава не беа на страната на комуналците. Врнежи и голема полава за време на фестивалот имаше и во изминативе години, пред започнувањето на истиот. Годинава врнежите беа во помал обем, но работата за комуналците е дуплирана.

Во однос на штетите од синоќешните врнежи и силните ветрови имаше на искршени дрвја, кои комуналците ги дислоцираа веднаш по невремето.

Уништените тревнати површини на плоштадот„Александрија“ ќе се третираат со препарати и ќе се доведат во првобитната состојба за дваесетина дена.

Иако се преголеми и тешки обврските на комуналните работници да опслужуваат една ваква голема манифестација, сепак, тие се горди што можад да се носат со предизвикот после толку отпад и уништени зелени површини, да доведат се во ред, како и ништо да не се случувало пред тоа.

 

Можеби ќе ви се допадне