Фотографиите говорат сами за себе, колку и како Прилеп беше чист во 06.00 часот наутро.
По сите убавини кои се случуваат на пивофестовските забави, останува комуналците да исчистат се она што многубројните посетители оставаат зад себе, со цел убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба како и ништо да не се случуавало пред тоа. Покрај ова, секое утро како и вообичаено се мијат сите главни улици низ градот. Хигиената во градов „Комуналец“ ja одржува преку целиот ден на највисоко ниво, иако дневно во градот влегуваат и излегуват илјадници посетители.