По невремето, како и да немало невреме, Прилеп исчистен за два часа

По страшното невреме кое го зафати Прилеп и околината, комуналците во рок од два часа го исчистија градот. Вредните комуналци, чистеа во центарот на градот, во населбата Тризла и на сите главни улици. Во текот на утрешниот ден ќе се продолжи со фино чистење на дел од улицата „Бидимаш“ на мал нанос во населбата Варош и на крајниот дел од улицата кај железничката станица, како и на темелно чистење на градското речно корито.

Градоначалникот Илија Јованоски и в.д директорот на ЈКП„Комуналец“ Звонко Јованоски, беа на терен со вработените, да ја согледаат работата, но и да се направи увид дали има оштетувања од надојдените води. Воедно, при обиколката по повлекувањето на водите, кои носеа се пред себе, дадоја и изјави за медиумите.

По невремето веднаш излеговме на терен со директорите на Јавните претпријатија. Верувам дека екипите кои се формирани за расчистување од надонесениот отпад, мил, чакал и песок, вработените од Комуналец ќе го исчистат за брзо време, зашто многупати сум се уверил во нивната спремност да делуваат при вакви состојби. Не сме затечени од ситуацијата зашто редовно одржуваме координативни состаноци со стручните служби. И покрај невремето кое надонесе многу отпад и мил, градот ќе биде доведен во ред во текот на денешниот ден, изјави градоначалникот Јованоски.
Директорот на „Комуналец“ Звонко Јованоски, изрази благодарност до вработените и раководниот тим од „Комуналец“.

За кратко време се делуваше на повеќе локации во градов, со цел на граѓаните веднаш по невремето да им овозможиме чист град, како и да не се случило невреме. Останува деновиве кога ќе се створат услови и потсуши теренот, да се влезе во градското речно корито, и да го исчистиме отпадот од треванатиот дел. Доброто во ваква ситуација е што речното корито беше исчистено и искосено од потегот на градскиот базен до спојот со улицата „Трајко Николоски“ кај Терминалот, па градската река имаше добар проток, и помогна во сутуацијава водата брзо да се повлелече потенцираше, директорот Јованоски.

Комуналците, како и секогаш при вакви ситуации го дадоа максимумот, за градов да ја има истата убавина и чистота, како и пред невремето.

Можеби ќе ви се допадне