Отстранети од јавна површина домашни животни

Отстранети од јавна површина домашните животни кои деновиве се пуштаа на испаша во типската населба. Истите се згрижени од страна на „Комуналец“.

И покрај што Инспекторатот при Локалната самоуправа направи напори да ги пронајде сопствениците на неконтролираното испуштање на домашни животни во Типската населба и со Записник да им наложи да не ги испуштаат повеќе на јавна површина, Тие и во текот на денешниот ден не се одзваа.

Утрово, Инспектоиратот издаде налог до јавното претпријатие, домашните животни, во случајов коњи, да ги отстрани од јавно прометните површини од Типската населба.

Воедно, се информираат сопствениците на домашните животни- коњи, дека најнапред треба да се обратат во Инспекторатот при Локалната самоуправа, а по издадденото Решение од нивна страна, ќе можат домашните животни да си ги земат од платото на ЈКП„Комуналец“- Прилеп, на ул „Трајко Николоски“ бб.

Можеби ќе ви се допадне