Отчет за едногодишното работење на ЈКП „Комуналец“

Ирена Станкоска в.д директор на ЈКП „Комуналец“- Прилеп, на денешната прес конференција пред новинарите го презентираше отчетот за реализираните проекти во текот на 2019 година.

„Како јавно комунално претпријатие покриваме повеќе дејности кои се организирани во повеќе сектори. Основна и најважна дејност е собирање, транспортирање и депонирање на отпадот, одржување на јавна хигиена која е организирана преку Сектор ,,Паркови и зеленило,, кој ги опфаќа чистотата на улиците, одржување на парковите, а истотака и чистење на речното корито. Третата дејност која што ја покриваме се услугите кои ЈКП „Комуналец“  и одржување и управување со Старите и Нови градски гробишта. Во изминатиот период од поставувањето за в.д директор од 08.01.2019 год. па до сега, најголем акцент и аспект имаме посветено на чистењето на градот пред се со посебен акцент на чистење на дивите депонии околу основните и средните училишта, градинките. Започнавме со ОУ„Гоце Делчев“, потоа продолживме со чистење на просторот околу градинката „Гоце Делчев“, просторот околу ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, ОУ „Блаже Конески“. Особено сакам да го истакнам чистење на депонијата позади старата виша школа. Се надевам дека овој простор во иднина ќе прерасне во едно современо спртско –рекреативно катче за најмладите. Со овој континуитет во чостењето на дивите депонии исчистивме 19 големи депонии и дваесетина помали депонии. Или, Комуналец, до депонијата Алинци има транспортирано 2.350 м3 отпад, собран од диви депонии. Исчистен е Дабнички канал со механизација од тиње и отпад, а со рачен алат ги исчистивме зидовите од трева и троскот на потегот од вливот во градската река до мостот кај касарната, и поставена е преливна рампа за собирање на отпадоци“, истакна Ирена Станкоска, в.д директор на ЈКП „Комуналец“- Прилеп.

Станкоска посочи дека, со цел да се овозможи најбезбедно и најекономично собирање и транспортирање на комуналниот и другиот неопасен отпад на територијата на општина Прилеп, од местото на неговото создавање, до местото на неговото отстранување, воспоставена е организациона интегрирана шема за собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот отпад и другите видови на неопасен отпад. Интегрираната мрежа претставува систем на објекти и инсталации, како и систем на постапки за управување со отпадот, меѓусебно поврзани на начин со кои се овозможува намалување на количините на создаден отпад, повторно искориствање на употребливите состојки на отпадот како и исполнување на обврските за селектирање, собирање, транспортирање и депонирање на отпадот. Редовно се врши одржување на дрворедите и дрвјата во градов и се води грижа да се продолжи нивниот век на траење. Континуирано вложуваат и во опрема и во медицинските потреби во Стационарот за кучиња скитници.

Директорката на ЈКП „Комуналец“ најави „Нулта диви депонии“ во Прилеп.

“Овде нема да имаме толеранција на отпадот, ќе чистиме секаде. Ги замолувам и граѓаните за свест и совест, како би ни помогнале во оваа заложба, како и надлежните органи да ги превземат своите зконски ингеренции. Заложбите кои ги имаме во овој дел се поклопуваат со заложбите на градоначалникот Илија Јованоски, и истиот има намера за наредната година да обезбедиме триста илјади евра за набавка на нови четири возила. Знаеме дека возниот парк на ЈКП „Комуналец“ е пред распаѓање. Оваа година набавивме едно ново возило со проектот ,,БИОРЕАЛ,, од ИПА Програмата за меѓугранична соработка. Тоа е специјално возило од марката ИВЕКО од 7м3, за потребите на одделенито за селекција на отпад. До крајов на месецов ќе пристигне и автоматската преса за балирање на рециклирачки материјали, со која во многу ќе се олесни работатат на Одделението за селекција на отпад. За наредната година планирано е да добиеме уште едно возило од проект за „Вештачкото езеро“ од 13 м3.

Транспортно возило кипер мораме да набавиме, за да можеме да ја реализираме нашата активност “Нулта толеранција на отпад“. Ќе набавиме и цистерна за миење на улиците, а исто така за потребите на Секторот за Собирање и депонирање на отпад ќе се набават нови две возила“, истакна Станкоска.Во месец октомври „Комуналец“ набави уште два нови трактори за подигање на отпад од јавно прометните површини и подигање на габаритен отпад од домаќинствата во вредност од 21 илјада евра. Кога сме кај правилното третирање и управувањето со отпад, воведена е нова линија секој четврток за подигање на габаритен отпад од домаќинствата. Ова е една новина која ја воведе Комуналец и која наиде на големи потреби од одлагање на ваков вид на отпад, но и пофалби од граѓаните за спроведувањето на оваа акција.

Изградено е детско игралиште во паркот на Могилата. Паркот содржи детски реквизити, нови клупи и корпи за отпадоци, песочни базени за најмладите. Детското игралиште е изградено во соработка со Пакомак и донирано на град Прилеп, во изборот за најдобар Еко градоначалник. Во тек е изградба на парк со спортско рекреативни терени во Ерековци. Теренот за мал фудбал ќе биде тревнат, во склоп на паркот ќе има и игралиштете за одбојка. Паркот ќе опфати детски реквизити за забава и урбана опрема.

За прва пат е инвестирано во спроведување на технолошка вода на Старите градски гробишта. Оспособен е бунарот и набавена и поставена е нова пумпна станица. Поставени се неколку чешми за потребите на граѓаните. Инвестицијата е 130.000 ден. Инвестирано е и во поставување на технолошка вода на Новите градски гробишта, поставување на пумпна станица на бунарот за технилошка вода. Инвестирано е и во ископ за линија и поставување на чешми за питка вода. Инвестицијата е околу 200.000 ден. Поставени се и нови мостови на ободните канали и комплетно исчистени се ободните канали.

Оспособени се 9 бунари за технолошка вода, воведени се нови шахти и линии и поставени се нови пумпни станици, со што за полевање на парковите овозможени се доволни количини на технолошка вода. Ископана е и поставена линија за технолошка вода во парковските површини, станбен блок Ѓогдере, со што е овозможено овие парковски површини да се полеваат. Планирано е на овие парковски површини да се изврши рамнење, каде што е потребно засејување на нова трева, изведба на бекатон патеки и поставување на урбана опрема.

Набавени се 1200 корпи за селекција на отпад со вредност од 1.062.000 ден. Кантите се распределуваат во градот, но опфатени се и неколку населени места во кои досега се подигало отпад, а не се наплаќало. Комуналец работи на активно вклучување на населението од руралните средини за вклучување во процесот на селекција на отпад. Инвестирано е во набавка на контејнери за мешан отпад. Набавени се 20 контејнери со вредност од 283.200 ден и 5 контејнери од 5 м3 за потребите за правилно третирање на градежниот шут со финасика вредност од 153.400 ден.

Со млади уметници од ЦСЛУ и доброволци аматери континуирано работиме на подобрување на визуелниот изглед на контејнерите. Оваа акција со која се изразува уметноста врз контејнерите ја насловивме како „Радоста на градските контејнери“. Во соработка со Локалната самоуправа, поставени се нови клупи и корпи за отпадоци во централното градско подрачје и во паркот на Могилата. Поставен е нов мост на езерото во паркот кај судот. Обновени се клупите и извршено е комплетно хортикултурно уредување на овој парк. Вложуваме во хортикултирното уредување на градов. Посветуваме внимание на есенското и пролетното уредување на парковите и жардењерите со засадување на цветен расад.

„Со пролетната акција засадени се 400 садници зимзелени растенија од соратата Туја. Опфатени беа центарот на градот, Могилата, паркот кај судот, Точила, новите гробишта и на други локации. Вршиме редовно одржување на дрворедите и дрвјата во градов и се води грижа да се продолжи нивниот век на траење.Комуналец врши услуга на 20.871 домаќинство, 724 правни субјекти, 698 услужни дејности и дуќани и 32 училишта и верски објекти“, посочи Станкоска.

Континуирано вложуваме во селкцијата на отпад. До 10 месец, Комуналец инкасирал 6.278.153 денари. Проблем во овој дел е што секојдневно бележи пад берзанската цена на отпадната хартија, додека останатите рециклирачки материјали некои бележат пораст некои со години ја држат истата цена. Во овој дел ние не сме моќни заради тоа што на светсно ниво овие отпадни рециклирачки материјали се контролирани со берзанска цена. Доколку се гледа приходот, тој не ја одразува вистинската слика, зашто покрај заштитата на животната средина која е наша законска обврска, тука не е пресметана и заштедата на гориво до депонија Алинци. Селектираниот отпад во основа е габаритен отпад и доколку не се селектира на местото на неговото настанување, неопходно е да се трошат финасиски средства во транспорт до депонија Алинци која е одалечена 13 км од градов или 26 во двата правци.

Инвестираме и во рекоконструкција на старите напуштени згради од поранешниот заеднички Комуналец, зад старата општинска зграда. Инвестицијата е 2.834.964 ден. По 15 години, вработените од „Комуналец“ имаат простор достоен и пристоен за работа, заврши на крајот од отчетот за сработеното в.д директорката Ирена Станковска.

Во неформалната дискусија со новинарите, Станковска најави и изгрдба на нови парковски површини и реконструкција на постоечки како во населбите Бончејца, Ѓогдере и Точила. Озеленувањето на градот со дрва и зимзелени растенија ќе започне нареднава недела доколку послужат временските прилики, зашто по олкава суша според стручните лица не е возможно да се засадува. В.д директорот Ирена Станковска , најави 1070 садници дрвја кои ќе се засадуваат по булеварите, парковите, околу сите градинки, основни и средни училишта, но тука нема да ги запостават ниту населените места и тамошните училишта.

Можеби ќе ви се допадне