Отчет на постигнатото и сработеното од В.д директорката Ирена Станковска

В.д. директорката Ирена Станковска, го раководеше Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп, во периодот од 8.01.2019 до 16.10.2020. Во овој период комуналното претпријатие редовно го сервисираше оперативниот план, како и финасиските тековни трошоци на претпријатието. Со денешниот ден на В.д директорката и престана работниот однос во Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, при што на отчетот пред вработените истакна:

-„Горда сум што го раководев скоро две нецели години ова јавно претпријатие, кое не е ниту малку лесно за раководење, но од друга страна, двигател е чувството на личен и општествен придонес кон заедницата. Заедно со Вас, завршивме неколку големи проекти и набавки на основни средства и инвестиција во капитални објекти. Во однос на оперативната работа, сакам посебно да се заблагодарам на теренските работници кои во време на пандемија и со 65 работници помалку на терен, со оглед што одреден број ги користеја мерките, успевавме градот да го одржиме хигиенски чист, и да го разубавуваме со хортикулрно уредување.
Што сработивме заедно со Вас?!

  • Исчистивме 36 диви депонии во оклината на градов.
  • Поставена е линија за техлошка вода на старите и нови градски гробишта, во населбата Ѓогдере, во централното градско подрачје (реконструкција на булевар), во новиот парк населба Точила до црквара Св Петка, и линија за технолошка вода во паркот Врбејско маало како предуслов за реконструкција на паркот.
  • Изградивме нови паркови во Багеска ограда, позади зградата од Центарот за церебрална парализа, парк во населбата Бончејца, детското игралиште кај егејските згради, парк на ул,, Трајко Тарцан кој е во завршна фаза, и целосна обнова на зелените површини во населбата Ѓогдере (станбен блок) и изграден парк со спортски терен во населеното место Ерековци.
  • Исчистен и уреден е кејот на Дабнички канал, од потегот мост касарна до мостот на вливот со Оревоечка река и засаден е зелен појас со дрвја албиција.
  • Извршено е хортикултурно уредување на дел од булеварот по реконструкцијата и генерално чистење по изведбата на градежните работи.
  • Реализација на проектот БИО РЕАЛ, од меѓуграничната соработка со Грција, од програмата на ИТЕРЕГГ ИПА, со што набавивме комунално специјално возило за подигање на отпад од 7+1 м3, со финасиска вредност од 3.781.253, оо денари, автоматска 50 тонска преса за потребите на одделението за селекција на отпад во вредност од 3.690.000 ден. и изработена е Студија за управување со отпад на Општина Прилеп.
  • Во овој период набавени се и два трактори со финасиска вредност од 1.519.356 денари, едно ново комунално возило од 6+1 м3 со вредност од 4. 956.000 денари, ново товарно возило кипер кој се очекува да пристигне на платото од Комуналец, и виљушкар со вредност од 637.053,00 денари, а дополнително до крајов на годинава треба да пристигнат две нови комунални возила аплицирани во проектот Вештачко езеро и преку Пелагонискиот плански регион.
  • Извршена е набавка на 1900 канти за селекција на отпад од 3.291.460, со што дополнително населените места се вклучија во процесот со селкција на отпад. Набавени се нови контејнери за отпад од 1/1 м3 и 5м3, и поставени нови контејнери за селекција на ПЕТ амбалажа од донацијата на Пакомак.
  • Набавено е возило метларка со донација и финансиска вредност од 1.837.685 денари.
  • Изгадено е детско игралиште во комплексот Могила со донација од „Пакомак“, за Општина Прилеп, по прогласувањето на г-динот Илија Јованоски за најуспешен градоначалник во областа на екологијата и заштитата на животната средина на ниво на држава.
  • Извршено е реновирање на старите административни згради со вредност од 2.834.936,00 денари со што конечно и вработените од Комуналец добија попристоен работен простор.
  • Или во 2019 и 2020 година вкупно сме инвестирале 22.197.284,00 денари. Покрај инвестициите, посебно сум горда што успевав спрема Вас, почитувани колеги, да исплаќам редовно плата и сите додатоци на плата.“

На крајот од средбата со вработените и благодарноста кон сите вработени, без разлика на проблемите и потешкотиите кои се јавувале во текот на работењето, Станковска се осврна на направените лични трошења во претпријатието, при што потенцираше:

-„По препораките од Владата за отчетно работење и направените лични трошоци сакам да дадам отчет пред Вас, и граѓаните. Во 2019 година за дневници сум потрошила 8.691 денар, или нула денари во 2020 година, како и нула денари за хотелско сместување во двете години. Додека за репрезентација во 2019 година според финасиката евиденција сум потрошила 8.392 денари, односно 10.983 денари во 2020 година. За реклама и спонзорство во 2019 година се потрошиле 82.449 денари, додека во 2020 за овој основ се потрошиле минимални 22.970 денари“.

В.д директорката Станковска, упати апел до вработените да се горди на својата работа, да си го чуваат јавното претрпријатие од разни притисоци и влијанија и да работат тимски со взаемна почит. До граѓаните и бизнис секторот изрази благодарност за навременото плаќање на извршената услуга, со желба за нивна поголема коректност во заштитата на животната средина.

Можеби ќе ви се допадне