Општина Прилеп со години го држи приматот во селекција на отпадни материјали

Според официјалните податоци од Пакомак за 2021, Општина Прилеп, е далеку пред другите градови во селектирањето на отпадот. Прилепски Комуналец, само преку Пакомак, има регистрирано 126.950 тони селектиран отпад од пластика, 570.340 тони хартија или вкупно 697.290 тони отпад , кој го евидентирал само Пакомак, не вклучувајќи го останатиот селектиран отпад. Во табеларниот приказ кој е достапен, може да се видат разликите што и колку пролепските комуналци селектирале, а што и колку отпад се селектирало во останатите општини. Или, од вкупниот собран селектиран отпад од пакување од 1.743.532 тони по градови, на ниво на држава, прилепското јавно претпријатие селектирал 697.290 тони, или 40 % од целокупниот селектиран отпад , евидентиран преку Пакомак . Или, 60% селектираат сите македонски општини , додека 40% се селектира само во Општина Прилеп.

Останува заложбата на комуналците со помош од општината наредниве три години да го финишираат проектот Ценатр за слекција на отпад кој би опфатил машинска селекција на отпад, и изградба на компостара од помал обем само за потребите на општина Прилеп.

Инаку, проектот за селектирање на корисни отпадни материјали е започнат на 2 август во 2008 година, со примена на контејнерска селекција по ЈПП, институциите и бизнис секторот и со голема кампања за едукација на населението, додека куќната селекција по принципот „врата до врата“, се имплементира од 2012 година, и досега се доставени по домаќинствата 21.157 канти за отпадоци, со континуирани кампањи за едукација на таргет групи.

Можеби ќе ви се допадне