Одбележување на денот на пролетта

Локалната самоуправа и „Комуналец“, ги започнаа активностите за одбележување на Денот на пролетта.

На крајот од улицата Беровска во така наречената населба Мексико, ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, и Локалната самоуправа започнаа со чистење на дива депонија која е распослана се до заштитената зона од Марковите кули.

Оваа дива депонија комплетно се исчисти во 2022 година. И покрај апелите од јавното претпријатие до локалното население да внимаваат на животната средина и да си го зачувуваат просторот околу живеалиштата, оваа неконтролирано исфрлање на отпад никако да престане.

Жителите пак од околните куќи велат дека и покрај тоа што од јавното претпријатие доѓаат да го собираат отпадот, неможат да се справат со одредени жители кои во ноќните часови доаѓаат на оваа локација и исфрлаат разноразен отпад.

Како и да е, јавното претпријатие е задолжено да ги чисти сите диви депонии околу градов, иако истите се чистат еднаш, а некои диви депонии се чистат по неколку пати во годината.

Утре е 21 Март – Денот на пролетта за кога од страна на Локалната самоуправа и „Комуналец“, планирано е да се продолжи со чистење на диви депонии, засадување на нови садници од јапонска цреша, црвена слива и украсна туја на повеќе локации во градов.

Воедно, Денот на пролетта ќе биде одбележан со голем пролетен хепенинг за најмладите во новиот инклузивен парк на Могилата.

Можеби ќе ви се допадне