Обиен сандакот и уништен системот за снабдување со техничка вода во паркот кај Основниот суд.

Утринава, несовесни граѓани очигледно со стручно познавање, го извлекле кабелот од струјата од напојувањето до помпата за притисок на вода. Од овој едениствен бунар се снабдува со вода за полевање парковскиот дел и се полни и филтрира водата во езерцето во паркот кај Основен суд – Прилеп. Овој бунар беше со поголем дефект во изминатиов период и истиот беше предмет на санација. Само што беше пуштен во работа, истиот не го дочека ни утрото во исправна состојба.

Несовесните жители кои што извршиле ваков стручен вандалски чин, очигледно имале за цел да ни наштетет нам како ЈКП, не размислувајќи дека со ова им го кратат задоволството на многу наши сограѓани, кои со нивните најмили поминуваат пријатни моменти во паркот во овие летни денови со неподносливи температури..

Притоа, со ваквиот злонамерен чин, загрозени се украсните риби , кои го красат езерцето, а на кои најмногу им се радуваат дечињата.

Случајот е пријавен во полиција, а екипи на ЈКП „Комуналец“, до вечерниве часови го отстранија дефектот, со што е спречен помор на украсниот рибен фонд, кој може да настане од недостиг на вода во езерцето и негова филтрација.

Можеби ќе ви се допадне