Обезбедени се средства за доизградба на Центарот за управување со отпад во Алинци

Од страна на Локалната самоупрва обезбедени се 1.500.000 евра за доизградба на Центарот за управување со отпад во Алинци.

По долгогодишно инсистирање од страна на Локалната самоупрва од Прилеп, конечно започна процесот на децентрализација на буџетски средства за изградба на капитални проекти во општините. На вчерашната седница на Владата прифатен е амандманот со кој што се обезбедени 90.000.000 денари, или 1.500.000 евра за реализација на проектот за изградба на „Ценатр за селекција на отпад“ во општина Прилеп. Благодарение на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, кој во консултација со директорот Рубинчо Абрашоски, даде огромна поддршка и приоритет во реализирањето на овој проект, кој значи многу во заштитата на животната средина, здравјето на населението и развојот на зелената економија, додека прилпските пратеници изминативе години во континуитет бараа начин како овој значаен и капитален проект да биде реализиран во општинава.

„Центарот за управување со отпад“, опфаќа изградба на хала, поставување на линија за селекција за комунален отпад, изградба на плато, и во третата фаза да се изградат административни простории, компостара и дробилка за градежен шут.

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, има комплетен проект и идејно решение за целокупниот комплекс, кој го изработија вработените од ЈП за ПУП. халата со градба беше започната во 2017 година. Идејното решение за линијата за селекција на отпад и моделот на селекција е решение на вработените од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп. Ова е скоро неразвиена дејност на ниво на држава, но не е новина за Општина Прилеп, каде селекцијата на отпад е во постојан пораст од почетокот на пилот проектот “Ајде да селектираме и рециклираме“ од 2008 година.

Со сега веќе воспоставениот систем на контејнерска селекција по јавно прометните површини, станбените блокови и институциите и имплементираната куќна селекција по принцип „врата до врата“, со опфат на 13.000 семејства, се подобрува во целост управувањето со отпадот во Општина Прилеп. Контејнерската селекција се одвива пред станбените блокови од околу 4.200 станови, по јавно прометните површини и за потребите на бизнис секторот. Завршувањето на овој капитален проект би значело зголемени количини на селектиран отпад, поставување на етички и морални норми во управувањето со отпадот, информација, обука и едукација на граѓанството и зголемување на бројот на задоволни граѓани и бизнис заедницата кои се вклучени, или ќе се вклучат да го селектираат отпадот, а за сите нив досега се обезбедени бесплатни корпи за селекција на отпад како стумилативна мерка. Во 2024 година планирано е да се распределат уште 12.000 корпи како трета канта за одвојување на чист биоразградлив отпад, од кои 8.630 корпи се веќе обезбедени од кредитната линија која ја има обезбедено Министерството за животна средина и просторно планирање од Проектот „Изградба на санитарна регионална депонија во Новаци“, додека 3.370 бесплатни канти за граѓаните ќе обезбеди ЈКП„Комуналец“ – Прилеп.

Доизградбата на халата, платото и комплетната машинска селекција на отпад от ќе значат многу за општинава , зашто во идната регионална депонија ќе се транспортираат и депонираат помали количини на отпад, односно се што неможе да се селктира и продаде, а со тоа самата заедница ќе си овозможи да се плаќа помалку во Регионалната депонија, каде наплатата ќе се врши по тон депониран отпад.

Воедно во тек е и реализацијата за изградба на и Регионалната депонија која опфаќа и изградба на 6 претоварни рампи од кои едната ќе се гради во Општина Прилеп. Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на сите општини им е препорачано отпадот да го селектираат на местото на неговото настанување. За разлика од останатите општини во државава, Општина Прилеп е во напредна фаза во реализација на селекцијата на отпадот на местото на неговото настанување.

Инаку, досега во комунална инфраструктура за селекција на отпад инфраструктурни објекти, машини и дополнителни возила за втора линија која собира селектиран отпад ЈКП„ Комуналец“ – Прилеп, од сопствени средства има вложено над 1 милион евра. Од Проектот „Биореал“, беа обезбедни 173.000 евра со кој се набави специјално комунално возило за собирање на селектиран отпад и 50 тонска автоматска континуална преса.

Моментално доселекцијата на корисни отпадни материјали се извршува во импровизирана хала со мануелана селекција на одвојување. и со балирање на 50 тоска втоматска преса. Но и покрај тешките услови за работа, јавното претпријатие сеуште на ниво на држава селектира отпад колку и сите градови заедно.

Можеби ќе ви се допадне