Јавното претпријатие „Комуналец“, досега работеше и се снајдуваше со 41 година старите цистерни. Денеска, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, во присуство на претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, му ги предаде клучевите на возачот Стеван Стојаноски, на кој му посака успешна работа и убави и среќни шоферски денови.
При тоа градоначалникот Јовчески изјави:-“ Денеска сме дојдени во јавното претпријатие да им посакаме успешна работа на вработените со новото возило кое го набавивме со Проектот „Подобрено одржување на јавно прометните површини во град Прилеп“, каде апликант беше Општина Прилеп, а одобрен од Бирото за рамномерен регионален развој од повикот за проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој. Верувам дека во иднина ова возило со специјална намена во многу ќе им ја олесни работата на комуналните работници, ќе биде во секојдневна функција во одржувањето на јавно прометните површини, со што ќе се допринесе жителите на Општина Прилеп да имаат врвна комунална услуга и хигиена.
Градоначалникот Јовчески се осврна на работењето на јавното претпријатие кое веќе е во постабилна финасика состојба и ја најави следната донација за ,,Комуналец’’, охрабруваќи ги комуналните работници и понатаму да имаат идеи за идни проекти, посебно во делот на управувањето со отпадот и заеднички да ги подобрувааат условите за живот на нашите сограѓани.
-„За брзо време ќе го добиеме и новото специјално возило со сета потребна опрема за заловување на кучиња скитници, кое ќе биде од огромна корист за вработените во Стационарот за згрижување на кучиња скитници. Верувам дека и во општината и во јавните претпријатија имаме доволно стручен и обучен кадар кои имаат непресушни идеи и работат на издржани проекти со кои веќе аплицираме пред ЕУ фондовите, но и ние како општина по стабилизирањето на финсиската состојба ќе помагаме да ги зајакнеме капацитетите на јавните претпријатија“, рече градоначалникот Јовчески.
Директорот на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, се заблагодари на Локалната самоуправа, посебно на вработените во Одделението за локален економски развој и Бирото за рамномерен економски развој, при тоа изјави:
-„Набавката на новата цистерна која беше неопходна за непречено функционирање во одржувањето на јавната чистота во општинава е од суштинско значење пред се за вработените од ,, Комуналец’’, кои досега со крајни напори успеваа да ја одржат чистота во градов, зашто двете цистерни кои ги поседуваме се од осумдесетите години, односно најстарата цистерна е произведена 1981 година, или со повеќе од четириесет годишна старост, лесно се подложни на дефекти, а понекогаш чекаме и до 1 месец да се најде дел за нив. Нашата заложба како јавно претпријатие е градот секогаш да биде чист и уреден, а ова специјално возило ќе ни помогне чистотата да ја подигнеме на едно повисоко ниво“.
При тоа, Абрашоски се осврна и на проектите кои се подготвуват во делот на управувањето со отпадот и кои ќе бидат аплицирани пред ЕУ фондовите.