На дивите депониите во Прилеп и околината им нема крај

Иако населбата Рид важи за една од поурбанизираните населби во градов, се чини дека создавањето на нови диви депонии на крајот од куќите од населбата никако да престане. Стари алишта, цемент, цигли, градежни блокови и што ли уште не, чистеа денеска комуналците од дивата депонија создадена на крајот од улицата Ѓорѓи Димитров.

На истата локација изненадува појавата на исфрлена Пет амбалажа, за која „Комуналец“ има доставено посебна жолта канта во домаќинствата за собирање на корисни отпадни материјали. Комуналците секоја недела го собираат овој вид на отпад од домаќинствата, но поедини несовесни граѓани си поигруваат со природата, па исфрлаат и пластична амбалажа, која во природата се разложува до 500 години.

И покрај апелите од комуналците, загадувањето на животната средина никако да престане.

Уште еднаш да напоменеме дека сите видови на отпад ги собира Комуналец. Затоа, освен редовната неделна линија, воведено е и дополнително бесплатно собирање на отпад со повик од граѓаните на тел: 048/428-992. За граддежниот шут „Комуналец“ располага со контејнери од 5м3 и трактор од 2м3, за кои се наплаќа 1360 ден. односно 620 денари

Можеби ќе ви се допадне