Освен што несовесните граѓани исфрлаат секаво ѓубре во околината на градов, тие не ги поштедуваат ниту јавните површини во градов.
Со механизација, комуналците денеска ја исчистија и ја израмнија јавната површина наспроти спортската сала Македонија.
Несовеста оди дотаму што разноразен отпад исфрлиле и до оградата од ОУ„Рампо Левката“ не водејќи сметка дека тука секојдневно поминуваат учениците, а истиот отпад го вдишуваат и за време на одморот.
Да се надеваме дека вака уредената површина повеќе нема да користи за ѓубриште.