Паркот на револуцијата со новите врнежи од снег изгледа како приказна од бајките. Причина повеќе за престојниот викенд прилепчани да уживаат во прошетките на Могилата.
Комуналците пак, два дена работат на отворање на проодни патеки, со што на посетителите им овозможено да уживаат во прошетките. За животните и птиците, вработените од Комуналец добро се грижат и ги хранат и во вакви екстремно ниски температури кои ги имаме во ноќните часови.
Доколку викендов барате место за прошетка, Могилата Ви ја нуди сета убавина, многу снег и бескрајна белина.