Локалната самоуправа и „Комуналец“, го враќаат приматот за најчиста општина

Се чисти Дабничкиот канал од населбата Тризла, до мостот кај касарната, а потоа чистењето ќе продолжи и до вливот на каналот во Оревоечка река. Акцијата за чистење е по налог на Локалната самоуправа, а ја спроведува ЈКП„Комуналец“, – Прилеп. Каналот се чисти со градежни машини, а на одередени потези каде не е возможно машинско чистење, комуналците ќе чистат со рачен работан алат. Отпадните материјали помешани со мил и тиња се транспортираат до депонијата во Алинци.

Не помагаат ниту апелите од комуналците дека сиот отпад си има свое место, но тие и понатаму се оптимисти дека треба и мора да се промени граѓанската свест по однос на отпадот, неговото правилно третирање и одлагање, со цел заштитата на животната средина. И, од Локалната самоуправа, најавуваат почести контроли од комуналните инспектори и комуналните редари, како и ригорозни казни за прекршителите, согласно Закон и Одлуката за комунален ред.

Останува апелот и молбата граѓаните да се однесуваат совесно спрема животната средина, и уште еднаш се потсетуваат дека отпадот од мебел, теписи, јоги, постели и друга покуќнина, бесплатно ги подига ,,Комуналец’’, и тоа секој четврток со дополнителната линија, но само по претходна најава на тел. 048/ 428 992, во порака на ФБ страната или на емајл: komunalecprilep@yahoo.com, или presskomunalec@yahoo.com. Исто така, различни пластични отпадни предмети: корита, столици,саксии, туби, буриња, гајби, цефки за довод и одвод, пластични ролетни и друго, односно отпадни предмети кои можат да се рецилкираат, да се одлагаат во и до жолтата канта. Должност е на Одделението за селекција на отпад, без оглед на волуменски собраниот отпад да го подигнат од дворовите. За градежениот шут и отпад од градење на располагање е транспорт со трактор до депонијата во Алинци, со цена од 620,ооден, или контејнер од 5м3, со цена од 1360,ооденари. Воедно, граѓаните со сопствен превоз можат да одлагаат различни видови отпад во депонијата, до 14 часот.

Инаку, ова е најпроблематичниот дел од Дабничкиот канал, каде несовесни граѓани во каналот истураат секаков вид на отпад, и истиот при поројни дождови ја загадува и Градската река.

Можеби ќе ви се допадне