Комуналец започна со засадување на есенско цвеќе.

Убавото време им послужи на комуналците да започнат со засадување на цвеќе. Ќе се засадува во наслебата Димо Наредникот, во центарот на градот, во паркот на Могилата, кај градскиот саат, а ќе се отвораат и нови алеи, со цел парковите да добијат подобар визуелен изглед.

Години наназад, „Комуналец“ се соочува со уништување од страна на несовесните граѓани на цветните алеи. Затоа се апелира до граѓаните да внимаваат и да се однесуваат совесно кон заедничките градски добра, се со цел да имаме убава, зелена и цветна животна средина.

Можеби ќе ви се допадне