Комуналец врши дезинфекција и чистење на сите еколошки острови, комуналните возила, гаражите и Царинскиот терминал

Со цел почитување на мерките и превентива од новонастаната состојба со корона вирусот, комуналците вршат дезинфекција на сите контејнери за комунален отпад и контејнерите за селекција на отпад. Градов располага со 523 контејнери за комунален отпад и 408 контејнери за отпадни рециклирачки материјали, како 63 возила(специјални, товарни, трактори, градежни машини) кои се вклучени секојдневно во сообраќај.

Иако оваа операција е вообичаено да се извршува во месеците април и мај, и во летниот период каде има преоптоварување на исфрлен биоразградлив отпад, со оглед на моменталната состојба со прогласената пандемија мерките на чистење и дезинфекција се извршуваат сега.

Зголемено е чистењето и перењето околу контејнерите, такаречи, комуналците не дозволуваат да има ниту еден отпадок околу контејнерите. Но, лошата навика на поедини граѓани и понатаму ја има, со тоа што не внимаваат како го исфрлаат отпадот, односно го расфрлаат до контејнерите, а со тоа не им помагаат на работниците кои се на врвот на својата задача. Таков случај имаше во вчерашниот ден, за кој сторителот беше пријавен од страна на комуналните работници, на кој од страна на Инспекторатот му беше поднесена соодветна пријава.

Воедно, Комуналец врши и дезинфекција и на специјалните возила за подигање на отпад, со тоа што ги дезинфицира секое утро пред истите да тргнат низ градот и населените места, како и кругот на гаржите за комуналните возила и Царинскиот терминал.

Воедно, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да се воздржат во овие моменти и да не исфрлаат габаритен отпад, заради тоа што хронично болните работници се ослободени од работните обврски, како и вработени кои имаат дете до 10 години, согласно препораките од Министерството за здравство. Работниците кои одат на работа со оглед на зголемените мерки, обврски и исполнување на препораките не се во можност да одговорат на обврски кои во моментов не се приоритет.

Можеби ќе ви се допадне