ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ја продолжува акцијата за чистење околу вештачкото езеро. Денеска се чистеше отпад, трње и шипови околу распаднатиот мотел, а воедно се чистеше и рамнеше теренот на потегот под паркинг просторот од Спортско рекретивниот комплекс „Езеро“.
Со оглед на тоа што околината кај вештачкото езеро од секогаш се користи како излетничко место, комуналците и во наредниот период етапно ќе продолжат со чистење на околината, со цел, овој излетнички комплекс да добие врвна чистота, а воедно да се создаде здрава животна средина.
Апел до граѓаните да ги користат контејнерите за отпад кои се поставени на неколку локации, но и да ги користат корпите за отпадоци, како би помогнале во заложбата на комуналците да постигнат врвна чистота околу вештачкото езеро.