Комуналец се поднови со уште едно комунално возило

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, набави ново комунално специјално возило за подигање на отпад од (5+1) м3 од марката Исузи. Наредниов месец треба да пристигне уште едно ново комунално возило од (7+1) м3 , кое ќе биде донација од аплициран проект на Пелагонискиот плански регион.

Во тек е тендерската постапка за најнеопходното кипер возило од 20 м3, а ќе се набавува и специјално возило подигач за контејнери од 5 м3.

Со ваква динамика на купување на нови возила од сопствени финансики средства и донација од проекти „Комуналец“ за годинава ќе го исполни своето планирање за набавка на нови возила и комплетна замена на стариот и дотраен возен парк до 2022.

Да напоменеме дека со проектот „БИОРЕАЛ“ во септември минатата година беше набавено возило Ивеко од (7+1) м3, за потребите за собирање на селектирани отпадни материјали.

Можеби ќе ви се допадне