Во населбата „Точила“ и по кејот на Дабнички канал, „Комуналец“ ги продолжи активностите од минатонеделната акција за чистење во општинава.
Со оглед на големите количини на отпад кои се исчистија со ангажирање на механизација од бизнис секторот, оваа недела планирано е, собраниот отпад да се транспортира во депонијата Алинци.