Комунален отпад, отпадани гуми, кревети, јоги, градежен отпад, остатоци од отпад од градење, и што ли уште не, чистат комуналците накај населеното место Мажучиште, по Регионалниот пат. Чистењето започна денеска, но со оглед на количините на исфрлен отпад, депонијата ќе се чисти и наредниве денови, а според проценките до депонијата во Алинци, само од оваа дива депонија ќе се транспортираат околу 80 м3 отпад.
Инаку, за дваесетина дена од чистење на 4 диви депонии во депонијата Алинци се траспортирани и депонирани над 500м3 најразновиден отпад.

Останува апелот на „Комуналец“, граѓаните да покажат развиена свест и совест кон животната средина, зашто секој отпад има свое место: отпадот се селектира во домаќинствата, ЈПП, институциите и фирмите. За габаритниот отпад граѓаните имаат бесплатна интерна линија секој четврток со најава на тел: 048/428-992, за градежниот шут и отпадот од градење на располагање се контејнери од 5м3 и трактор, или да се однесе со сопствен транспорт до депонијата каде влезот не се наплаќа.
Поголем проблем за комуналното претпријатие претставува отпадот од малите фабрики и занетчии како балансери на гуми, тапацери на мебел, стаклари, преработувачи на леб и бели печива и др. кои вешто го кријат отпадот измешан со комуналниот и го одлагаат насекаде.
За отпадните гуми се задолежени фирмите да го предаваат на овластен постапувач со таков вид на отпад. Газдите, за да не платат, согласно Закон, отпадните гуми ги исфрлаат во природа.