Комуналците засадија бреза покрај Градската река

На потегот од мостот кај ОУ„Кочо Рацин“ до мостот Табана, денеска комуналците засадуваат дрвја од видот бела бреза.
Заради оштетување на дрвјата и кршење на истите, новозасадените дрвја ќе бидат заштитени.

Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, водат посебна грижа за обновување на зеленилото во сите населби, и правилно и навремено одржување на постојните тротоарски и парковски дрвја, со нивно редовно кастрење и полевање.

Можеби ќе ви се допадне