Комуналците и годинава на врвот на својата задача за фестивалот на пивото

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, како и секоја година подготвен е да овозможи врвна хигиена пред, за време, и по завршувањето на фестивалот ,, Викенд на пивото во Прилеп’’. На изгрејсонце градот и денес, но и за време на одржувањето на фестивалот на пивото ќе има беспрекорна јавна хигиена.

Од центарот на градот демонтирани се сите корпи за отпадоци и дел од контејнерите од безбедносни причини, а според правилата за одржување на вакви големи манофестации.
Од 03:00 часот наутро ќе започнува со работа одделението за селекција на отпад. Комуналните служби од паркови и зеленило и јавно прометни површини ќе работат од 04:00 часот, како и одделението за подигање транспортирање и депонирање на отпад. Веднаш по собирањето на отпадот, метењето на ЈПП, и чистењето на тревниците ќе се врши комплетно миење на двата плоштади, улиците и тртоарите кои се во централното градско подрачје.. Во ноќните часови исто ќе се врши и миење на улиците во поширокиот опфат на градот предвидени во оперативниот план за дневно одржување.

Многу невкусни коментари од поединци години наназад се пишуваат пред, за време, и по одржувањето на фестивалот, нарекувајќи ја манифестацијата и сопствениот град со најпогрдни зборови со што придонесуваат во очите на оние граѓани од другите градови кои сакаат да го посетат фестивалот на пивото да ги одвратат од намерата, иако сите добро ја знаеме вистината дека фестивалот заслужува да биде посетен, а јавната хигиена од страна на комуналните работници кои се справуваат со тешка задача е на врвно ниво.

Можеби ќе ви се допадне