И покрај огромните обврски кои ги има „Комуналец“ во делот на извршување на Оперативниот план, деновиве се работи и на задниот дел од зградите во населбата Бончејца. Огромни корења од дрвја се корнат кои беа оставени подолги години за одстранување од површините. По ова ќе се изврши и рамнење на терените со цел на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живеење. Воедно, се врши и кастрење на дрвјата, а се одстрануваат и дивите израстени подникци од грмушкастите растенија.
По идејно решение од ЈП за ПУП, на парцелите кои се чистат ќе се прават парковски површини со потребна урбана опрема. Од Локалната самоуправа и Комуналец, упатуваат апел до поедини граѓани да ги одстранат скелињата за тутун од терените каде се подготвува подлогата за изградба на парк, за да може оперативниот дел да се извршува непречено.