Комуналците ги кастрат шеесет годишните дрвја по булеварот

Со цел продолжување на животниот век на дрвјата и добивање на правилно обликувана крошна, комуналците работат на естетко кроење на дрвјата.

Деновиве се кројат дрвјата по булеварот „Гоце Делчев“, а веднаш потоа ќе се продолжи со кроење на девјата по сите дрвореди низ улиците во градов, како и дрвјата во парковите.

Прилеп располага со 3457 листопадни дрвја, 1279 зимзелени и 844 декоративни растенија, со што припаѓа во градовите кои согласно Законот за зеленило го исполнува условот за категоризација на општина со богато зеленило.

Можеби ќе ви се допадне