Комуналци чистат и со години нечепнати депонии

Во саботата, со кординарана акција помеѓу Комуналец и бизнис секторот, собрани се и депонирани во депонијата Алинци 175 м3 отпад, од една од поголемите диви депонии која се најдува до самите куќи во населбата Рид, односно на крајот од улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

На оваа дива депонија создадена од несовесни граѓани, е исфрлано разновиден отпад со години. По барање од граѓаните од оваа населба, констатирано е дека отпадот се најдува до влезовите од куќите, од каде се ширело неподнослива смрдеа, а таму, освен градежен шут и градежни материјали, исфрлан е комунален отпад кој е биоразградлив, и при процесот на разградливост создава непријатна миризба.

Освен техничката оператива од Комуналец, заради големината на депонијата, во помош простигнаа и неколку приватни форми од градов, со цел да придонесат во заложбата за чиста животна средина. Во месец февруари од дивите депонии низ градов и околинава собрани и депонирани се 539 м3 отпад. Според локациите предвидени за чистење и во месец март, комуналците предвидуваат да исчистат уште над 800 м3 отпад.

Чистењето на дивите депонии ја отежнува дневната работа на Комуналец, но заложбата е да се исчистат сите диви депонии, а комуналниот инспекторат и полицијата по ова, да ги превземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност.

Можеби ќе ви се допадне