Екипи на ЈКП„Комуналец“ од денска ќе ги косат, чистат и собираат отпад на сите влезови во градов. Денеска се работеше на потегот од хотел Салида, накај подвозникот, излезот за Битола, и влезот од магистралниот пат.
По завршувањето на поголемите обврски во централното градско подрачје и главните сообраќајници, комуналците имаат краток рок да исчистат, искосат и уредат се до Пиво фестот, со што градов ќе биде уште еднаш добар домаќин на сите посетители.