Извидничкиот одред „Феникс“ со уметност, забава и пораки создава радости за најмладите

На иницијатива на Извидничкиот одред „Феникс“, а во соработка со ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, денеска започна да се бои исцртаниот полигон со разни игри и многу детски ликови, како и пораки за зачувување на градските убавини и животната средина. По поплочувањето на населбата идејата е на 500 метри да се обојат смислените игри, и без застој од стартот до целта дечињата да имаат одлична забава.

Со оглед на околностите во кои живееме со вирусот Ковид-19, ова е одлична можност дечињата од населбата, но и од останатите делови на градов да имаат уште едно катче за игра и забава на отворено, со што игрите се замислени да се држи и растојание во текот на играта.

Гледајќи ја оваа детска уметност на отворено, кон акцијата се придружија и воспитачките од градинката „Бончејца“ со своите групи, со цел да дадат свој придонес кон акијата, а воедно дечињата да се забавуваат и учат од извидниците како се сака, помага и твори во својот град и се чува и внимава на животната средина.

Можеби ќе ви се допадне