Градежен шут, најлон, лесонит, пластични табли, неупотреблива земја, мешан комунален отпад, чистеа вработените од „Комуналец“ пред и околу Работничкиот универзитет.
Просторот е комплетно исчитен, а несовесните граѓани исфрлале и отпад во дворот на Работничкиот иниверзитет, иако во овој ист двор се наоѓа и детската градинка „Наша иднина“ каде се згрижени над 30 деца.
Кога неконтролирано фрламе отпад каде растат и се едуцираат дечиња, а ние треба да сме им пример на однесување, беспредметно е да говориме, едуцираме и критикуваме за исфрлање отпад во природа.