Интензивирање на соработката со колективните постапувачи со отпад

Интензивирање на соработката на колективните постапувачи со отпад и на јавните комуналните претпијатија во функција на успешно управување со отпадот и постигнување на националните цели

Работилницата се одржи во Стопанската комора на Македонија, а наменета беше поттикнување на интересот кај субјектите во процесот на управување со отпад за нивна активна партиципација, запознавање со можноста за реализација на заеднички активности со цел на најдобар начин да се искористат придобивките од соработката.

Претседателот на Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија, Звонко Јованоски, на заедничката работилница на која присуствуваа Јавните комунални претпријатија и колективните постапувачи со отпад, истакна дека е битно да се договорат квалитетени заеднички активности.

-,,Добро би било при Вашето претставување накусо да ги изнесете податоците за расположивите капацитети, за количините на отпад што ги собирате, ставот кон неформалните собирачи на отпад како и за нивната инволвираност во регионалните планови за управување со посебните текови на отпад . Ваквата размена на информации и општи податоци, се неопхопдни како основа за градење на соработката на Комунланите претпријатија за отпад и фирмите члеки на Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, кои работат со посебните текови на отпад.

На состанокот беа искажани бројни проблеми со кои се соочуваат Јавните комунални претпријатија.Посебен акцент беше ставен на проблемот со наплата и висината на сметката за ѓубретарина. Поголем осврт присутните искажаа дека како Јавни претпријатија се на маргините во однос на услужните други дејности, како електрична енергија, топлификација, телефонија и снабдување со вода. Лошото работење менаџерите на Јавните претпријатија го гледаат во злоупотребата на секоја власт зашто не се сфатени да се направи корекција во сметката за ѓубретарина. Побараа заеднички да настапат преку ЗЕЛС и да не се случи како изминатиот период да доставуваат Одлуки за зголемување на ѓубретарина и истите да не се ставатт воопшто на дневен ред, а во некои случаи и да не бидат изгласани.

Од претставниците на колективните постапувачи со посебни категории на отпад им беше укажано на јавните комунални претпријатија дека мораат да најдуваат начини да ја подобрат селекцијата на отпад по принципот на општина Прилеп, ашто времето е прекратко за усогласување со таргетите испорачани од ЕУ. Тие се заложија да дадат свој придонес со одредени донации, да се користат Европските фондови, а посебно да се заложат Инспекторатите производителите на отпад од пакување да си ја плаќаат давачката, од каде ќе можат да се црпат пари за развој на селектирањето во државава. Посочија дека Советите мораат да имаат разбирање и во пресметката за ѓубретарина мораат да влезат и трошоците за инвестиции.

Од Асоцијацијата Пакомак, која управува со отпад од пакување беше презентирано дека моментално во државава само 14 проценти од вкупно регистираните субјекти созадавачи на отпад од пакување си ја плаќаат давачката. За останатите државата и Инспекторатите мораат да бидат поригорозни и да воведуваат санкции и казни.

Од комуналните претријатија го истакнаа проблемот со возниот застарен парк кој го поседуваат сите јавни претпријатија во државава, дека со ваква наплата и вака ниска цена ќе можат да функционират уште година – две, а за инвестиции за слектирањето на отпадот неможат ниту да размислуваат. Затоа неопходна е помош од ЗЕЛС, Министерството за животна средина и другите чинители да ги слушнат и разберат нивните суштински проблеми за да можат да започнат со селекција на отпад, која е обврска на секоја општина.

Искажана беше благодарност за заложбата за заеднички настап за формирање на цена со пресметка од регулаторна комисија со минимум и максимум.

Одредени градови од лошото претходно работење се пожалија дека во догледно време ќе бидат блокирани, а услугата кон граѓаните мораат да ја испорачаат.

Со свои презентации се претставија и членките на Асоцијацијата, и ЈКП„Комуналец“, кој во 2018 година бележи тренд на зголемување на селектираниот отпад за 10%.

Можеби ќе ви се допадне