Градската река им послужила како депо, комуналците си добија и фотеља

Дека работата со ѓубре e непредведлива е, и денешнава пост првоаприлска шега на комуналните работници. Тие се заблагодарија на жителите од Бончејца, под поранешната фабрика „Борка Левата“, што на подарок конечно добиле и фотеља за одмор.

На горниот дел од реката расфрлани се тави, тенџериња, гајби, цедалки за тајнири и што ли уште не.

Овој дел од речнпто корито се чистеше пред 5 дена.

Но, на човечката неукост и некултура им нема крај. Наместо граѓанинот да биде господин, да се јави во службите на Комуналец на тел: 048/ 428 – 992, и сите непотребни предмети и мебел да му се подигнат бесплатно, тој и понатаму сака да биде маченик. Што да се додаде повеќе е беспотребно, освен … Аирлија фотеља комуналци!

Можеби ќе ви се допадне