Големи количини oтпад се чисти во населбата Вишне 2.

По чистењето на дивите депонии над касарната, „Комуналец“, ја чисти дивата депонија во населбата Вишне 2 на крајот од ул„Димче Мирчески – Бањарот“. Големи количини од мешан комунален отпад и градежен шут, обраснат со трње и капини се чисти со механизација и се транспортира до депонијата Алинци.

И покрај тоа што оваа населба важи за една од поурбанизираните, сепак, совеста кај поедини граѓани за чиста животна средина никако да проработи. Освен што се трошат беспотребно пари кои би се употребиле во паркови, тие, не водат грижа и за последиците кои ги создаваат во почвата и подземните води. Не помагаат ниту апелите од комуналците.

Уште еднаш да потенцираме, „Комуналец“, без оглед на количните отпад создаден во домаќинствата доколку е прописно спакуван, го подига од дворовите. Градежениот шут, граѓаните се должни самоиницијативно да го однесат до депонијата во Алинци, или да порачаат 5м3 контејнер од „Комуналец“.

Можеби ќе ви се допадне