Голема еко акцијата за засадување на дрвја

ЈКП„Комуналец“- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа започнува голема еко акцијата за засадување на дрвја.

Комуналците од денеска започнаа со засадување на дрвја по булеварот на потегот од споменикот на Прилепски бранители до Автобуската станица. Дрвја од видот липа се засадува на местата на старите, дотраени и искорнати липи.

Во еко акцијата се вклучија и градоначалникот Борче Јовчески и в.д директорот на јавното претпријатие, Рубинчо Абрашоски. Престојнава пролет планот на Локалната самоупрва и директорот Абрашоски е еко акцијата за засадување на дрвја да се одвива етапно на повеќе локации низ градов и населените места.

Липа, костен, бреза, и јасен ќе се засадува во повеќе паркови и по тротоарскиот дел од улиците, а планирано е да се засади бадем и обнови старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули.

Можеби ќе ви се допадне