Генерално чистење на обиколницата и излезот во Варош

Од денеска, комуналците започнаа со чистење на обиколницата од кај Жито Прилеп, и излезот во Варош. На овој потег подолго време не е извршено темелно чистење. По локалниот пат направени се голем број диви депонии каде се исфрлени големи количини на комунален и градежен отпад, асфалт отпадни гуми и што ли уште не. Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата Алинци.

По дислокацијата на дивите депонии, комуналците ќе продолжат со чистење на трње и шипови, како и косење на сува трева и собирање на отпадоци.

Според оперативците од „Комуналец“, на овој дел од градот ќе се работи една недела.

Можеби ќе ви се допадне