На ул „Александар Македоснки“ на крајот од егејските згради, денеска привршуваат активностите со изградбата и уредувањето на детското игралиште. На барање од жителите, а со оглед на тоа што на овој дел од градот нема слободно општинско место за изградба на парк, комуналците дивата депонија ја претворија во парк.
Паркот опфаќа детски реквизити за игра и забава, а за повозрасните ќе бидат поставени парковски клупи. Со оглед на близината на улицата, паркот е целосно ограден и заштитен.