Денешна слика во Вишне маало по Дабнички канал

И покрај апелите од „Комуналец“ за совесно и коректно однесување во собирањето и управувањето со комуналниот отпад и градежниот шут, се чини, дека поедини граѓани никако не сакаат да слушнат дека секој отпад си има свое место. Ова е денешната слика по Дабнички канал во Вишне маало. Дворовите чисти, јавната површина по каналот тежи и лежи од градежен шут и отпад од бавчи и дворови.

Уште еднаш, за било кој отпад кој го имаат граѓаните во поголеми количини да се обраќаат на тел: 048/428-992, емајл: [email protected], или во порака на ФБ страната.

Можеби ќе ви се допадне