Комуналците започнаа со рамнење на земјената површина од мостот кај касарнита до вливот на Дабнички канал со Градската река. На овој дел планирано е да се засадат украсни дрвја, кои ќе формираат зелен појас.
Покачувањето на глобалните температури предизвикауват размножување на комарци и други штетни инсекти и штеточини кои пренесуваат болести, а Дабничкиот канал е мека за размножување заради неконтролираното исфрлање на отпад. Целта е доколку овој простор се оплемени, да се спречи фрлањето на отпад во, и околу каналот, а со посадувањето на дрвјата да се влијае и на зачувување на животната средина и подобрувањето на амбиенталниот воздух.
Со оглед на тоа што овој дел не е оплеменет, на брегот се оставеат распаднати скелиња за сушење на тутун и хаварисани возила, кои со налог од Инспекторатот повремено се отстрануваат, а потоа повторно се поставуваат. Доколку овој простор се оплемени, ќе се зачува и некогашниот живот на биодиверзитетот кој го имало околу Дабичкиот канал, кога овој канал го краселе јавори од кои се останати само неколку, за кои стручњаците велат дека и ним им е при крај животниот циклус.