По чистењето и тампонирањето на платото зад зградите, популарно наречено згради зад поранешна Градска кафеана, за брзо време несовесни граѓани го претворија во депонија. Многу крвети, фотелји, разноразна покуќнина, градинарски отпад, отпад од кастрење, градежен шут и што ли уште не, исфрлиле несовенсните граѓани.
Жителите од зградите, велат дека тоа се станари од сите блиски згради, но не ретко доаѓале да исфрлаат отпад и од околните куќи, се жалат станарите.
Како надлежни за чистење на јавните површини немаме ниту збор, ниту критика, па ниту АПЕЛ на овој недомаќинлак, зашто и покрај сите апели, очигледно свеста е на многу ниско ниво за чиста животна средина. Освен ветувањето од наша страна, дека дивата депонија за брзо време ќе се исчисти.