Чистење на диви депонии на патот за Дабница

Колскиот дабнички пат затрупан во отпад, појавени и нови жаришта на исфрлање на отпад на оваа локација.

Од денес се чистат неколку диви депонии по патот за Дабница и во близина на спомен обележјето во Дабнички завој.

Освен постојните диви депонии на оваа локација започнати се и нови жаришта каде се исфрла отпад.

Иако овој потег од последните куќи во населбата Тризла до спомен обележјето се чистат по два пати во годината, состојбата е повеќе од алармантна.

Наместо да се намали оваа појава, на оваа локација состојбата станува повеќе од загрижувачка.

Што и да се напише, што и да се објави, какви и молби и апели да се упатат состојбата со дивите депонии е децениски нерешен проблем.

На комуналните работници останува да исчистат се што граѓаните ќе извалкаат , без оглед на количините на отпад и потрошените пари кои наместо да се искористат за подигање на парковски површини и детски игралишта, се користат за чистење на отпад.

Во секоја нормална држава каде владее законот и правото, каде има изградено свест и совет кон општите добра и животната средина, отпадот се селектира и чува во домаќинствата, а комуналните работници го собираат од домаќинствата. Или, зависно од моделот на управувањето и постапувањето со отпад самоницијативно се транспортира и депонира до местата предвидени за одлагање.

Можеби ќе ви се допадне