Денеска со градежни машини се чистеа и неколку помали диви депонии по патот кој води кон вештачкото езеро.
Ендеците покрај патот се преполни со различен комунален отпад исфрлан од автомобил. За да се исчисти овој потег кој мора да се чисти рачно заради конфигурацијата на теренот кога ќе дозволат временските прилики ќе се организира Еко акција заедно со Локалната самоуправа..
Никако да проработи свеста и совеста дека секој отпад има свое место, во кантите и контејнерите, а не во природа.