Честит 1 мај

Почитувани сограѓани,

Вработените од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, Ви го честитаат 1 мај, Денот на трудот, и Ве замолуваат за време на традиционалниот излет и при престојот во природа, посебно во атарот на вештачкото езеро да се користат контејнерите за одлагање на отпад.

Покрај постојните контејнери поставени во комплексот „Езеро“, и на паркингот, поставен е контејнер од 5м3 на влезот од колскиот пат.

Се замолуваат и сите излетници кои ќе посетуваат други места во околината на градов, да ги соберат отпадоците, да ги понесат со себе, и да ги одложат во контејнерите поставени по јавно прометните површини.

За совесното однесување кон природата и природните убавини, Ви благодари Мајката ПРИРОДА, варботените од „Комуналец“ и идните генерации на кои треба да им оставиме здрава и чиста животна средина.

Со почит,
ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

Можеби ќе ви се допадне