НОВОСТИ

kartonski-korpii-04

Картонски корпи за институции за селекција на хартија

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, од Пакомак, доби картонски корпи за селекција на хартија и отпад од пакување. Сите заинтересирани институции и фирми кои сакаат да ја селектираат хартијата во нивните простории да се обратат во канцелариите на ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, или на телефон 048/428-992. Картонските корпи за селекција се идеални за сместување во ходниците во институциите и фирмите и истите се бесплатни.

kontenjeri-stakloi-05

Нова пратка контејнери за селекција на стаклаена амбалажа

Покрај поставените 15 Игло контејнери за селекција на стаклена амбалажа, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, како најдобро претпријатие на ниво на држава за селекција на отпад, доби уште 30 Игло контејнери. Истите ќе бидат поставени во текот на неделава по Јавно прометните површини низ градов.

Со оглед на разместеноста на контејнерите во централното градско подрачје и во сите населби во градов се замолуваат граѓаните истите да ги користат за одлагање на стаклена амбалажа, зашто истата исфрлена на депонија или во природа е неразградлива.

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, од Пакомак, доби и картонски корпи за селекција на хартија и отпад од пакување. Сите заинтересирани институции и фирми кои сакаат да ја селектираат хартијата во нивните простории да се обратат во канцелариите на ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, или на телефон 048/ 428- 992. Картонските корпи за селекција се идеални за сместување во ходниците во институциите и фирмите и истите се бесплатни и се со намена за канцелариска селекција на хартија.

Или, градов располага со 472 контејнери за мешан комунален отпад, 415 контејнери за хартија, Пет, пластика , најлон и отпад од пакување и 45 игло контејнери за селекција на стакло.

1. Контејнери за мешан отпад   -  1,1 м3 = 472 парчиња
2. Контејнери за ПЕТ, хартија, најлон   -  1,0 м3 = 415 парчиња
3. Контејнери за стаклена амбалажа   -  45 парчињa
4. Контејнери по фирми, болница и др.   -  7,0 м3 = 28 парчиња
5. Контејнери за градежен шут / земја   -  5,0 м3 = 18 парчиња
6. Корпи за јавни површини   -  3-7 л = 1.500 парчиња
7. Канти за примарна селекција (набавени)   -  120 л = 18.261 парче

proletno-parkovi-05

Пролетно уредување на парковите во центарот на градот

Центарот на градот со пролетното хортикултурно уредување и менување на тревнатиот дел го добива својот вистински блескав изглед. Се посадува цвеќе од сортата Вербена и Салвија .

Беспрекорната чистота на парковите и уредувањето која ја овозможуваат комуналците претставува вистинско уживање за граѓаните и посетителите.

kastrenje-06

Се кастри и обликува зеленилото низ градов

Прилеп, е еден од ретките градови кој изобилува со богато зеленило и стари убави дрвореди.

Комуналците, деновиве работат на кастрење и обликување на зеленилото, а ќе се изврши и короење на дрвјата по дрворедите. Кастрењето се врши по проценка на стручни лица, вообичаено каде што смета на движењето на пешаците, но и создава проблеми во сообраќајот и на светлосната сигнализација.

dabnicki-kanal-06

Купишта комунален отпад се чистат од Дабнички завој

Деновиве, оперативата од градежни машини и теретни возила ќе ја чистат месноста Дабнички завој. На оваа локација регистрирани се неколку диви депонии, претежно со мешан комунален отпад.

Техничката оператива на ЈКП„Комуналец“ -Прилеп , врши лоцирање на дивите депонии и проценка на исфрлен отпад од различни категории отпад на годишно ниво. Поголемиот дел од исфрлените количини редовно се чистат. Но, и покрај заложбите на ЈКП„Комуналец", да овозможи чист и уреден град, несовесните граѓани на овој дел од градот, никако да ја испочитуваат животната средина, во која и самите живеат.

Од Комуналец, информираат дека сиот комунален отпад без разлика на количините се подига од домовите по определениот План за подигање на куќен отпад. Со ваквото неконтролирано исфрлање на комунален отпад се прави финасиско оптоварување на ЈП, и се загадува животната средина, која ни е оставена во аманет да ја чуваме за генерациите по нас

cistenje-deponii-13

Со денешната акција за чистење на дивите депонии се транспортираа 200м3 отпад во депонијата Алинци

Општина Прилеп и сите јавни претпријатија во надлежност на Општината, како и градежната фирма „Изофас, со денешната акција „Општините во Македонија-чистат“, иницијатива на Заедниците на локална самоуправа (ЗЕЛС), денеска исчитија и транспортираа до депонијата Алинци 200м3 комунален мешан отпад и градежен шут.

Една екипа со механизација од приватната фирма Изофас и ЈП „Прилепско поле“ чистеа на потегот од хотелот Салида кон бензиската пумпа „Лук Оул“, на патот за Скопје. Друга екипа со механизација од ЈКП „Комуналец“ работеа на потегот од хотелот Салида кон „Прилепска Пиварница“. Трета екипа пак со механизација од ЈКП „Водовод и канализација“ ја исчистија депонината на патот кон селото Оревоец и се отвори одводен канал покрај патот .

Градоначалникот Илија Јованоски им се заблагодари на вработените во јавните претпријатија и на градежната фирма ,,Изофас,, за покажаната еколошка светс во зачувувањето на животната средина. Воедно, изрази голема благодарност до „Прилепската пиварница“, која на „Комуналец“, му донираше машина за чистење на улиците во градов.

Упатуваќи апел до нашите сограѓани и градежните фирми да се грижат за екологијата и животната средина, за да не дојде до повтроно несовесно исфрлање на отпад на исчистените диви депонии , директорот на ЈКП„ Комуналец“, Звонко Јованоски, потенцираше дека комуналците со сиот свој капацитет од механизација и човечки ресусри, продолжуваат со чистење на останатите диви депонии и определбата за чист град и природа без отпад.

Воедно, директорот Јованоски, нагласи дека отпадот има свое место за одлагање во контејнерите, кантите за отпад и депонијата Алинци, која е отворена за сите фирми да го депонираат градежниот отпад, без никаков надоместок.

Денешната акција покажа дека вработените, граѓаните и бизнис секторот имаат капацитети и голема општествена одговорност да се грижат за природните општи добра.