ЈКП”Комуналец” Прилеп
04-728/1
17.05.2023
ПРЕДМЕТ: ОБЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2023 за пополнување на работни места на помошно – технички лица по пат на вработување на неопределено работно време и полно работно време.
Врз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, бр.199/2014, бр.27/2016, 35/18 и 198/18) и чл.37-ѓ од Законот за изменување и дополнување на законот за Јавните претпријатија (Сл. Весник на Р.Македонија, бр.41 од 27.02.2014 година), Директорот на ЈКП “Комуналец” Прилеп, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2023
За прием на:
- 2(два) извршители за работно место “Чувар на објект”, шифра на работно место КДР 04 02 А02 005, Сектор за општи и правни работи/ одделение за општи и правни работи/ оддел за општи работи, на неопределено работно време
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија
- Активно да го користи македонскиот јазик
- Да е полнолетен
- Да има општа здравствена состојба
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Со најмалку ниво на квалификации ΙΙΙ, 180 кредити според ЕЦВЕТ или три годишно средно образование
- Со или без работно искуство во струката
- Лиценца за обезбедување
Работно време: Работа во смени, односно вкупно 40 часа неделно работно време
Нето плата: 20 175 денари и за секоја измината година работен стаж им се исплатува од 0,5% додаток на основната плата, но не повеќе од 20% за целокупниот работен стаж.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови наведени во Огласот.
Заинтересираните кандидати да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:
- Уверение за државјанство
- Извод од матична книга на родени
- Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
- Диплома за завршено соодветно образование
- Потврда за работно искуство доколку се бара
- Лекарско уверение
- Лиценца за обезбедување
- Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на ЈКП”Комуналец” Прилеп
Рок за пријавување: 15 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат во 3(три) дневни весници од кои 1(еден) од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
Рок во кој што ќе се изврши избор на кандидати: до 200 кандидати за едно работно место изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати во рок од 90 дена, над 500 кандидати во рок од 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето.
Постапката за селекција за вработување на помошно – техничките лица во јавното претпријатие, се состои од: административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази, и интервју.
Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
JKП”Комуналец” Прилеп на ул.”Питу Гули” бр.2А, лично или преку пошта.
НАПОМЕНА: Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.
Изработил: ЈКП”Комуналец”Прилеп
Цветаноска Павлина Директор Рубинчо Абрашоски