Јавен оглас за даватели на услуги 1/23

ЈКП”Комуналец” Прилеп

04-724/1

17.05.2023

ПРЕДМЕТ: ОБЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2023 за пополнување на работни места на даватели на јавни услуги  по пат на вработување на  неопределено работно време и полно работно време.

            Врз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, бр.199/2014, бр.27/2016, 35/18  и 198/18) и чл.37-и од Законот за изменување и дополнување на законот за Јавните претпријатија (Сл. Весник на Р.Македонија, бр.41 од 27.02.2014 година), Директорот на ЈКП “Комуналец” Прилеп, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2023

За прием на:

  1. 2(два) извршители за работно место „Возач на средно товарно специјално комунално возило, шифра на работно место КДР 03 05 Б04 014, Сектор за собирање,  транспорт и депонирање на отпад/ Одделение за собирање, транспорт и депонирање на отпад/ оддел за собирање и транспорт на отпад на неопределено работно време

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Стекнати најмалку ниво на квалификации ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
  • Со или без работно искуство во струката
  • Возачка дозвола Ц категорија

Работно време:  вкупно 40 часа неделно работно време

Нето плата: 22 713 денари, и за секоја измината година работен стаж им се исплатува од 0,5% додаток на основната плата, но не повеќе од 20% за целокупниот работен стаж.

  • 5(пет) извршители за работно место Метач”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 020, Сектор паркови и зеленило/ Одделение за јавна хигиена/ оддел за одржување на јавна чистота, на неопределено работно време

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Најмалку ниво на квалификации Ι или основно образование
  • Со или без работно искуство во струката

Работно време:  вкупно 40 часа неделно работно време

Нето плата: 20 175 денари и за секоја измината година работен стаж им се исплатува од 0,5% додаток на основната плата, но не повеќе од 20% за целокупниот работен стаж.

  • 3(три) извршители за работно место Работник во зеленило”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 015, Сектор паркови и зеленило/ Одделение за хортикултура/ оддел за одржување на паркови и зеленило, на неопределено работно време

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Најмалку ниво на квалификации Ι или основно образование
  • Со или без разботно искуство во работата

Работно време:  вкупно 40 часа неделно работно време

Нето плата: 20 175 денари и за секоја измината година работен стаж им се исплатува од 0,5% додаток на основната плата, но не повеќе од 20% за целокупниот работен стаж.

  •  2(два) извршители за работно место Градинар”, шифра на работно место КДР 03 05 Б04 037, Сектор паркови и зеленило/ Одделение за хортикултура/ оддел за одржување на паркови и зеленило, на неопределено работно време

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Најмалку ниво на квалификации ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
  • Со или без работно искуство во струката

Работно време: вкупно 40 часа неделно работно време

Нето плата: 21 127 денари и за секоја измината година работен стаж им се исплатува од 0,5% додаток на основната плата, но не повеќе од 20% за целокупниот работен стаж.

  • 1(еден) извршител за работно место Возач на тешко товарно специјално комунално возило” шифра на работно место КДР 03 05 Б04 013, Сектор за собирање, транспорт и депонирање на отпад/ Одделение за собирање и транспорт на отпад/ оддел за собирање и транспорт на отпад, на неопределено работно време

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Стекнати најмалку ниво на квалификации ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
  • Со или без работно искуство во струката
  • Возачка дозвола Ц и Е категорија

Работно време: вкупно 40 часа неделно работно време

Нето плата:  24 300 денари и за секоја измината година работен стаж им се исплатува од 0,5% додаток на основната плата, но не повеќе од 20% за целокупниот работен стаж.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови и посебните услови наведени во Огласот.

Заинтересираните кандидати да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Извод од матична книга на родени
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • Диплома за завршено соодветно образование
  • Потврда за работно искуство доколку се бара
  • Лекарско уверение
  • Возачка дозвола согласно потребните категории
  • Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на ЈКП”Комуналец” Прилеп

Рок за пријавување: 15 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат во 3(три) дневни весници од кои 1(еден) од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

Рок во кој што ќе се изврши избор на кандидати: до 200 кандидати за едно работно место изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати во рок од 90 дена, над 500 кандидати во рок од 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето.

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавните услуги во јавното претпријатие, се состои од: административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази, и интервју.

Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:

JKП”Комуналец” Прилеп на ул.”Питу Гули” бр.2А, лично или преку пошта.

НАПОМЕНА: Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

      Изработил:                                                                                     ЈКП”Комуналец”Прилеп

Цветаноска Павлина                                                                  Директор Рубинчо Абрашоски



Можеби ќе ви се допадне