ЈАВЕН ОГЛАС 5/2020

Молба за вработување- даватели на услуги

ПРЕДМЕТ: ОБЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС бр.5/2020 за пополнување на работни места  по пат на вработување на неопределено работно време

            Врз основа на чл.20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/2014, бр.199/2014 и бр.27/2016) и чл.37-и од Законот за Јавни претпријатија, в.д. Директорот на ЈКП “Комуналец” Прилеп, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.5/2020

за вработување на неопределено работно време

  1. 1(еден) извршител за работно место “Возач на тешко товарно специјално комунално возило”, шифра на работно место КДР 03 05 Б04 013, со најмалку ниво на квалификации  ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование, возачка дозвола категорија – Ц, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 8 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 18 498 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  2. 5(пет) извршители за работно место „Работник за примарна селекција на отпад на отпад”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 023, со најмалку ниво на квалификации  Ι, или основно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 14 934 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  3. 12(дванаесет) извршители на работно место “Работник за собирање на отпад”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 021, со најмалку ниво на квалификации Ι,  или основно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 14 934 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  4. 1(еден) извршител за работно место “Контролор за одржување на јавна чистота”, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 067, со најмалку ниво на квалификации  ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование, со најмалку 2(две) години работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 8 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 21 265 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  5. 14(четиринаесе) извршители за работно место “Метач”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 020, со најмалку ниво на квалификации 1 или основно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 14 934 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  6. 5(пет) извршители за работно место “Градинар” шифра на работно место КДР 03 05 Б04 037, со најмалку ниво на квалификации ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 15 423 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  7. 1(еден) извршител за работно место “Работник во зеленило”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 015, со најмалку ниво на квалификации 1 или основно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 14 934 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  8. 2(два) извршители за работно место “Општ работник”, шифра на работно место КДР 03 05 В02 031, со најмалку ниво на квалификации 1 или основно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 14 934 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  9. 1(еден) извршител за работно место “Градежен работник”, шифра на работно место КДР 03 05 Б04 027, со најмалку ниво на квалификации  ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 16 960 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  10. 1(еден) извршител за работно место “Одговорен на реон”, шифра на работно место КДР 03 05 Б02 003, со најмалку ниво на квалификации  ΙV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование, со најмалку 2 (две) години работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 8 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 21 265 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
  11. 1(еден) извршител за работно место “Чувар на објект” шифра на работно место КДР 04 02 А02 005, со најмалку ниво на квалификации  ΙΙΙ, 180 кредити според ЕЦВЕТ или три годишно средно образование, со или без работно искуство во струката, на неопределено време, неделното работно време е од понеделник до петок 7 часовно работно време,и сабота 5 часовно работно време, односно вкупно 40 часа неделно работно време. Основната нето плата изнесува 14 934 денари, плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да е државјанин на Република Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба за работното место
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • Да има соодветни стручни квалификации за работното место
  • Да има соодветно работно искуство потребно за работното место
  • Да поседува посебни работни компетенции потребни за работното место

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Извод од матична книга на родени
  • Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • Диплома за завршено соодветно образование
  • Потврда за работно искуство доколку се бара
  • Пополнета пријава објавена на ВЕБ страната на ЈКП”Комуналец” Прилеп

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавните услуги во јавното претпријатие, се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување во условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.

Огласот трае 10(десет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат – во 3(три) дневни весници од кои 1(еден) од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:

JKП”Комуналец” Прилеп на ул.”Питу Гули” бр.2А, лично или преку пошта.

Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

      Изработил:Ц.П.

ЈКП”Комуналец”Прилеп

  вд Директор Даре Цветаноски